ПРОЈДОА ТРИ МЕСЕЦИ: Време е ЧСМ да смени тренер

Годината во Романија почна со смена на селекторот Томас Риде, а сега е ред да биде променет и тренерот на ЧСМ Букурешт Адриан Василе. 
Адриан Василе по четири години асистирање на врвулицата тренери што минаа низ Букурешт, во октомври минатата година доби шанса да биде прв тренер. 

Остана досега благодарение најмногу на тоа што имаше долга пауза во женскиот шампионат поради Светското првенство во Јапонија. 

Но, сега ЛШ продолжи, а ЧСМ доживеа голем срам на гостувањето кај второпласираниот унгарски тим - ФТЦ. По 15 минути игра беше 13-5, на полувреме 19-10, водеа Унгарките и со 12 гола разлика за на крај средбата да заврши со резултат 33-23.

Со други зборови, време е ЧСМ да го смени тренерот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk