И ЛЕ клубовите ќе видат пара од ЕХФ

Клубовите што нема да играат Лига на шампиони, туку во новофрмираната Лига Европа (второ-четврто место во Македонија) ќе добијат дел од колачот вреден 500 милиони евра што ЕХФ ќе го дели следниве десет години. 

За да стигнат до парична награда клубовите прво ќе мора да стигнат до групната фаза во натпреварувањето. Бидејќи се менува ранкингот, не би можеле со сигурност да тврдиме дали ќе имаме клуб што обезбедил место директно во група, иако е сосема реално да имаме еден клуб во оваа фаза. 

За секое гостување во групната фаза екипите ќе добиваат по 9.000 евра, трипати помалку од тоа што ќе го добиваат клубовите во ЛШ. Истата сума ќе биде награда и за 1/8 финале и 1/4 финале. 

За секој освоен бод во групната фаза ќе добиваат по 1.000 евра, за реми во 1/8 финале 1.500, за победа 3.000. За реми во 1/4 финале наградата е 2.000 евра, за победа 4.000. 

ЕХФ ЛШ и нивниот досегашен главен спонзор Велукс, се разделуваат. ЕХФ е во потрага по спонзор чие име во иднина ќе го носи Лигата на шампионите. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk