Е. Пелистер е нов кадетски првак

Екипата на Е. Пелистер триумфираше на Ф4 што се одржа во Автокоманда и е нов кадетски првак на Македонија. Младиот битолски состав денеска во полуфиналето со голем пресврт во финишот успеа да стигне до изведување на седмерци на дуелот со Мулти Есенс и потоа победи на пенали со што обезбеди пласман во финалето.
Во финалето веќе ги чекаше екипата на Струга, која исто така успеа да изведе драматичен пресврт во финишот на дуелот со врсниците од Пролет 62 и потоа да победи на пенали.

Во финалето, немаше голема драма, битолскиот состав беше сигурен и запиша победа од 38-31. Во мечот за третото место минимално славеше екипата на Пролет 62.

Поврзани вести