Семејна драма на Расмус Лауге

Photo: IHF/Kolektiff

Расмус Лауге е еден од најдобрите дански играчи од генерацијата што ја етаблираше Данска како ракометна сила број еден и која полека се симнува од сцената оставајќи го своето место на младите ѕвезди кои уште повеќе го зацврстуваат статусот на најдобра машка репрезентација.

Расмус Лауге веќе три месеци не е на терен. Неговиот клуб Бјерингбро Силкеборг објави дека тој ќе отсуствува неодредено време, наведувајќи приватни причини и почитувајќи го неговиот избор.

Речиси три месеци подоцна, Лауге и неговата сопруга, решија сами да ја известат јавноста за што всушност станува збор.

Семејството Лауге доби нов член, нивно трето дете, второ девојче. Но, бебенцето е родено предвреме и родителите од тој момент до сега се како што напишаа во заедничката изјава - во долги месеци бескрајни грижи, големи стравови и многу солзи.

„Сѐ уште сме далеку од напуштање на интензивната нега, но секој ден е поблиску до дома. Таа се бори, ние се бориме со неа“, напишаа родителите Лауге во заедничката изјава за јавноста.







 

Поврзани вести