Македонската репрезентација по импресивниот настап на гостински терен во Талин, сега треба во Скопје да го верификува пласманот на ЕП, а за тоа ќе биде потребна победа од најмалку два гола разлика над Литванија во неделната пресметка.
Репрезентацијата подготовките и продолжи во Скопје, а младиот голман Иван Галевски ја пренесува атмосферата од тимот.
„Имавме веќе претходно искуство со играчи кои доаѓаат од Литванија. Тоа беше кога со Алкалоид игравме против Драгунас Клаипеда во Европскиот Куп на ЕХФ. Неколку играчи од тие сега се во репрезентацијата. Она што ми остави впечаток е дека се работи за една добра тактичка и физички силна екипа, но ние тогаш со нашата добра физичка спремност обезбедивме пласман во следната рунда. Литванија е селекција која е комплетна, е спој на младост и искуство. Нема да биде лесно, затоа што и Литванците се борат за пласман на Европското првенство. Но, ние сите сме тука да го дадеме својот максимум и ако одиграме како што знаеме и можеме, верувам дека ќе ние ќе бидеме тие што ќе бидеме на шампионатот“, изјави Иван Галевски.