Photo: IHF
Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека во октомври се селат во нов дом. Седиштето на врвната ракометна организација ќе остане во Швајцарија и ќе остане во градот Базел, каде што ИХФ купи модерен комплекс на шест ката од каде што ќе се координираат сите активности на светскиот ракомет.
„Овие канцеларии се повеќе од зграда, тоа е симбол на нашата амбиција. ИХФ брзо расте, во смисол на меѓунарден досег и во комлексноста на спортскиот екосистем. Новиот дом ќе ни овозможи подобар сервис за членките, спортистите, тренерите и фановите ширум светот. Ќе биде место каде што се раѓаат идеи, каде што се носат стратешки одлуки и каде што нашето срце ќе бие посилно од кога било“, изјави претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.