Лазаров: Пристапот беше вистински

Македонија забележа историски висока победа на терен што секогаш бил непријатен за нашата репрезентација - гостински терен во Естонија. 
Македонија вечерва изгледаше одлично, организирана во играта, трпелива и ефикасна. Иако ова е и натаму екипа што се формира, тоа е процес што трае и ќе трае, но вечерашната претстава вели дека сме на добар пат. 
Иако недостасуваат битни играчи, тимот беше компактен и си ја одработи задачата, а селекторот Кирил Лазаров одново има причини да биде задоволен. 

Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите 60 минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Заслужија ракометарите честитки и поддршка во недела за прикажаното.
Во недела не очекува физички моќна и тркачки добра репрезентација на Литванија. Се надевам дека ќе бидеме на ниво, но сеедно очекувам тешка борба. Ќе ни бидат потребни и концентрација и свежина за да ја исполниме целта“, изјави селекторот Кирил Лазаров.