Македонија ја збриша Естонија и сега е на чекор до ЕП

ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 17-36 (10-19)
Македонија: Митревски (7 одб), Томовски (13 одб), Карасманакис, Маркоски 2, Кузмановски 6, Костески 3, Митев 2, Ивановски 3, Ојлески 1, Пешевски 3, Јагуриновски 2, Лазаревски 4, Џонов 3, Аларов, Серафимов 5, Атанасијевиќ 2

Репрезентацијата на Македонија ја одработе својата задача на гостувањето во Естонија и за пласман на ЕП ќе и треба победа од најмалку два гола разлика над Литванија во последното коло од квалификациите. Тој меч ќе се одигра во недела во „Јане Сандански“ во Скопје.

Од првиот момент и првиот шут на Ненад Костески што заврши во мрежата на естонскиот голман, Македонија покажа сериозност, трпеливост и квалитет што во следните минути донесе и резултатска предност за мирно полувреме.

Новиот централен бек Мартин Ивановски имаше одлично деби во првиот дел, голем е напредокот кој овој ракометар откако пристигна во Автокоманда и заедно со Кузмановски и Јагуриновски одлично „кликна“ и со Милан Лазаревски на линијата.

Одбраната со одличен Митревски на голот одлична и Македонија поведе со 8-2, по 15 минути игра. Македонија одлично ги користеше пикерите, функционираа и крилата и воопшто немаше маана играта на македонскиот тим во првото полувреме.

Во 23 минута Македонија поведе и со 10 гола разлика (15-5), а потоа таа предност со мали осилации остана и до крајот на полувремето (19-10). Кирил Лазаров имаше можност да ги искористи и ротира безмалку сите ракометари без страв дека нешто ќе се промени на лошо.

Во второто полувреме Македонија исто така стартуваше сериозно и внимателно и и разликата одново стана двоцифрена.

Македонија имаше 24-12, поведе и со 13 и со 14 гола разлика. Мартин Томовски во вториот дел блескаше на голот, запиша вкупно 13 одбрани и на крајот беше и прогласен за играч на натпреварот, а македонскиот тим постигнуваше и лесни голови. Ваквиот резултат отвори нова опција. Волшебната граница беше 17 гола затоа што во тој случај и победа со два гола разлика над Литванија ќе значи пласман на ЕП.

На крајот нашиот тим ја извојува најлесната и најубедливата победа над Естонија со која има одиграно вкупно 8 натпревари. 





 

Поврзани вести