Загреб смени 17 тренери за девет години

Андрија Николиќ по трет пат се враќа на местото тренер на хрватскиот првак Загреб за да заокружи неверојатна бројка од 17 тренери во период од 9 години.

Андрија Николиќ доаѓа на местото на Велимир Петковиќ, откако претходно ги менуваше Веселин Вујовиќ во 2016 и Славко Голужа во 2023.
Загреб е апсолутен рекордер по број на сменети тренери во последната деценија меѓу екипите што играат во Европа, особено во Лигата на шампионите каде што редовно се натпреварува.

Списокот на сменети тренери во РК Загреб од 2016 изгледа вака:

Веселин Вујовиќ (2016), Андрија Николиќ (2016), Силвио Ивандија (2016/17), Касим Каменица (2017), Златко Сарачевиќ (2017/18), Лино Червар (2018), Бранко Тамше (2019), Веселин Вујовиќ (2019/20), Игор Вори (2020), Владо Шола (2020/21), Ивица Обрван (2021/22), Тончи Валчиќ/Денис Шпољариќ (2022), Славко Голужа (2023), Андрија Николиќ (2023/24), Велимир Петковиќ (2024/25), Андрија Николиќ (2025)...?

Поврзани вести