Естонија - Македонија, каде да гледате?

Репрезентацијата на Македонија попладнево во естонскиот град Талин ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Противник е Естонија, а по вчерашните дуели од петтото коло, опциите на Македонија за пласман на првенството се појасни.

Шансите се подобрени во поглед на директниот пласман како второпласирана репрезентација, а помали како евентуално третопласирана по синоќешното реми меѓу Швајцарија и Германија. Но, и натаму двете опции се отворени, се надеваме дека првата ќе биде реализирана.
Првата опција подразбира победа вечерва во Талин и победа од најмалку три гола разлика над Литванија во недела во Скопје.
Македонија со „нов“ сет на голмани ќе настапи вечерва. Мартин Томовски се враќа во тимот и тој заедно со првата опција Никола Митревски ќе го бранат нашиот гол.

Повратник во тимот е и левото крило Гоце Ојлески чие искуство на левата крилна позиција ќе биде биде од поголема важност на овој меч. Мартин Ивановски и Дамјан Митев ќе добијат шанса во отсуство на Марко Митев и Игор Ѓоргиев. Десната бековска ќе ја покријат Томислав Јагуриновски и Мартин Серафимов, а на линијата покрај Лазаревски, Аларов и Маркоски, ќе биде уште и Карасманакис.

Директен ТВ пренос од овој натпревар е најавен на каналот ТВ Арена Спорт 4.




Поврзани вести