Вајлупов си оди од Веспрем, Белорусите чекаат враќање на сцената

Photo> Archive/SEHA

Белорускиот ракометар, Никита Вајлупов, своевремено едно од најубоитите крила, една година пред истекот на договорот ќе го напушти унгарскиот клуб Веспрем.

Вајлупов повеќе не одговара на критериумите на унгарскиот клуб кој му понудил раскин и веќе е договорена разделбата. Новиот клуб сѐ уште од етички причини не е соопштен, но гласно се шпекулира повеќе од еден месец дека тоа ќе биде екипата на Бенфика.

Во меѓувреме, во интервју за белоурскиот медиум Спорт 5, Вајлупов не само што потврди заминување, туку го најави и следниот голем момент за белорускиот ракомет. Имено, ракометарот потврди дека имал можност да разговара со претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер и дека тој му потврдил дека во јуни ќе има голем состанок меѓу ракометните федерации на кој ќе се разговара и за евентуалното враќање на белоруските следствено и на руските екипи и репрезентации во системот на натпреварување на ЕХФ.

Поврзани вести