Петровиќ ја менува Битола со Линц

Десниот бек Павле Петровиќ ќе замине од екипата на Е. Пелистер на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во австриската екипа Линц.
Беше за очекување Петровиќ да замине од Битола со оглед на конкуренцијата и минутажата која ја добиваше.

Австрискиот клуб и ракометарот го потврдија трансферот.
„Решив да се приклучам на Линц затоа што верувам дека тоа ќе биде одличен потег во мојата кариера. Го гледам клубот како средина во која уште повеќе можам да се развијам како играч.
Амбициите се големи и се совпаѓаат со моите замисли. Ќе се обидам да помогнам за подобри резултати и поголеми успеси, а се надевам дека и јас ќе го исполнам целиот мој потенцијал“, изјави Петровиќ.

Поврзани вести