РК АЛКАЛОИД - РК ВАРДАР 1961 26-26 (12-12)
Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски од Битола. Делегати: Драган Начевски и Ацо Николовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (8 +1 сед) , Галевски (2 одб+ 1 сед), Џонов 1, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Велковски, Симоноски 1, Ивановски 6, Бинго, Франциско 3, Петковски 3, Митев 1, Савревски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8
РК ВАРДАР 1961: Еспиња (11 одб), Гогов, М. Стојановски, Јагуриновски 2, Аларов, Т. Стојановски, Георгиевски 2, Танкоски 2, Коиј 1, Лазаревски 6 Хориха 3, Срдановиќ 2, Николиќ 1, Петриќ, Пинто, Борозан 7
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.
Големото дерби во македонската суперлига меѓу екипите на Алкалоид и Вардар заврши со поделба на бодовите, откако по голема 60 минутна битка средбата заврши со резултат 26-26.
Алкалоид имаше подобро отворање, поведе 5-2 понесен од добрата игра во одбрана и голманот Кизиќ, но откако пропушти шанса за плус четири, екипата на Вардар врати со серија од 3-0 и израмни на 5-5.
Алкалоид го диктираше резултатот во првиот дел, а Вардар само во еден момент успеа да премине во водство (8-7). Но веднаш се врати домашниот состав во игра, успеа да поведе и со 10-8, но одново грешките во нападот беа казнети и Вардар изрмани нна 10-10. Потоа во игра гол за гол на полувреме беше 12-12.
Второто водство на Вардар беше по првиот напад во второто полувреме преку Борозан, кој ги одржуваше гостите во игра и во текот на целото прво полувреме со шутевите од дистанца.
Следеше промашен пенал на Алкалоид по што Вардар поведе со 14-12, пред Серафимов да ги врати сино-белите на минус еден. Но, отсуството на неколкуте повредени играчи стануваше поочигледно и Вардар ја преземаше контролата врз настаните.
Голманот Еспиња и пикерот Лазаревски имаа свои моменти во период во кој Вардар успеа да поведе со 17-14, највисокото водство до тој момент за еден од тимовите (39 минута).
Разликата од три гола се „одомаќини“ на семафорите во Автокоманда сѐ до 45 минута кога Серафимов намали на 19-20, а потоа украде топка истрча контра и израмни на 20-20.
Во последните 10 минути се влезе со егал (22-22), а по првата одбрана на Иван Галевски, Алкалоид доби шанса и се врати во водство. Стрелец беше Петковски за 23-22. Алаклоид во 54 минута пропушти напад за плус два, па мечот остана во егал гол за гол. Потоа Галевски му одбрани седмерец на Пинто и Алкалоид одново дојде во шанса да брка водство од два гола. Два напада пропушти за плус два Алкалоид, но Галевски му симна зицер и на Хориха и во 58 минута одново напаѓаше за плус два. Но, Франциско шутираше покрај голот и Вардар одново беше во седло, а Милано побара тајм аут на минута и пол до крајот при резултат 25-24. Хориха израмни, потоа Никола Маркоски погоди за ново водство на Алкалоид, а Милан Лазаревски ги постави конечните 26-26.
Поврзани вести