Младинците на Алкалоид и Е. Пелистер одат на Фајналфор

Младинските екипи на Алкалоид и на Е. Пелистер се пласираа на Фајналфор турниот во младинска конкуренција.
Младинците на Алкалоид и на вториот натпревар беа подобри од своите врсници од Вардар 1961. По победата од 26-23 во Јане Сандански, денеска младите ракометари на Алкалоид победија со 32-30 и ќе се борат за пехарот.
Пласман во полуфиналето и разигрувањето за шампионскиот пехат денеска славеа и ракометарите на првиот тим на Е. Пелистер. Тие минимално, но доволно за пласман го совладаа тимот на Т. Пролет (31-30).
Остануваат уште два тима, а за последните места се борат Е. Пелистер 2 и Бутел Скопје, односно Мулти Есенс и Скопје 2020.

Поврзани вести