Македонија - Литванија, билети во продажба

Машката сениорска репрезентација на Македонија на 7 мај ќе игра со Естонија на гостински терен, а на 11 мај со Литванија во Скопје, во клучниот меч за пласман на ЕП 2026 што во јануари ќе се одржи во скандинавските Шведска, Данска и Норвешка. 
Македонија има изгледни шанси да се пласира на ЕП, но работата не е завршена. 

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската машка селекција во недела (11.05.2025 г.), со почеток во 18:00 часот во Спортската сала „ Јане Сандански “ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот натпревар за пласман на Men's EHF EURO 2026 против селекцијата на Литванија.
Продажбата на влезници за натпреварот почнува во петок на 02.05.2025 година во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Продажните цени на влезниците за натпреварот се 200 и 300 денари.
Продажна мрежа – МК Тикетс

Поврзани вести