-
03.05.2025
-
Вести, Актуелно
Кадетскиот состав на Еурофарм Пелистер ќе игра против соодветниот состав на данскиот ГОГ на фајналфор турнирот во Келн. Вториот полуфинален пар се екипита на Барса и на Веспрем.
Во новоформираното кадетско клупско натпреварување кое во првата сезона ги ужива погодностите на Лигата на шампионите во сениорска конкуренција, македонскиот состав се пласираше со победи над екипите на Келце и Динамо Букурешт.
Нивниот ривал, данскиот тим ГОГ во квалификациите дојде откако двата дански учесника во сениорската ЛШ, екипите на Алборг и Фредериција решија да не учествуваат на ова натпреварување.
ГОГ е број еден тимот во светот кога станува збор за производство на ракометари, низ нивната школа се формираа Матијас Гидсел, Емил Мадсен, Александер Блонц итн. Како изгледа нивниот кадетски погон во моментов можевме да насетиме по победите над Магдебург и Берлин, во квалификациите, но во кадетската конкуренција нема јасно исцратни линии за тоа кој е фаворит, а кој не е.
Најважното за младите битолски ракометари е што ќе имаат уникатна можност да ја почувствуваат Ланксес Арена и да се промовираат пред 20.000 гледачи дојдени за врвен ракомет.