Финалето на ЕХФ во „Борис Трајковски“ !

Победничкиот пехар во ЕХФ Европскиот Куп ќе биде доделен на 25 мај во Скопје, во салата „Борис Трајковски“.
Европската ракометна федерација денеска ги потврди термините за одигрување на двата меча од финалната пресметка меѓу македонскиот Алкалоид и грчкиот АЕК.
Првата средба ќе се игра на 18 мај во Атина со почеток од 18:00 часот, но сѐ уште не е презицирано во која сала. Едно е сигурно, нема да се игра во „Маруси“ каде што АЕК досега играше.
Реваншот е во Скопје на 25 мај во 20:30 часот во салата “Борис Трајковски“.

Поврзани вести