РФМ денеск го објави и скратениот список, изборот на ракометари на селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров за дуелите со Естонија и Литванија, последни од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.
Најголемите промени се на централната бековска позиција каде што во отсуство на Игор Ѓоргиев и Марко Митев, прунидно е прекомандуван Мартин Велковски. Мартин Ивановски кој одигра неколку одлични партии за Алкалоид особено во Европа, е новото име во сениорскиот тим на Македонија.
Мартин Томовски со добрите партии во вториот дел од сезоната во Бундеслигата со го врати репрезентативниот статус, а одново во националниот тим ќе го видиме и Гоце Ојлески кој доаѓа по повредите на Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ.
Македонија треба да одигра уште два меча од квалификациите. Победа над Литванија на мечот во Скопје е најважниот момент. Со победа над Естонија како гости остануваме во игра за второто место, под услов Словенија на гости да ја победи Литванија.
Натпреварот со Естонија се игра на 7 мај, а на 11 мај во Скопје ќе се игра дуелот со репрезентацијата на Литванија.