Три Германци и Монпеље на Ф4 во Хамбург

Три германски тима и екипата на Монпеље од Франција ќе се борат за пехарот од ЕХФ Европската лига што ќе се одржи викендот 24/25 мај во Хамбург, Германија.

Во реванш квалификациските натпревари од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига, Кил со 35-30 го совлада тимот на Лимож, Мелзунген со 10 гола разлика на гости славеше победа над екипата на Бидасоа Ирун од Шпанија, Флензбург го совлада тимот на ГОГ со 35-29, а Монпеље беше подобар од Порто и на вториот натпревар (35-32)

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
Резултати, 1/4 финале:
Монпеље – Порто 35-32 (30-29)
Кил – Лимож 35-30 (26-26)
Бидасоа – Мелзунген 22-32 (27-28)
Флензбург – ГОГ 35-29 (29-26)

Поврзани вести