Познато име е нов селектор на Австрија

Машката сениорска репрезентација на Австрија има нов селектор. На местото на словенечкиот тренер Алеш Пајовиќ (фото) кој го презема бундеслигашот Флензбург, доаѓа познато име – Икер Ромеро.

Познатиот шпански ракометар, првиот играч што ја проби бариерата од 1 милион евра отштета (Сиудад-Барселона) тренерска кариера почна како асистент на Карлос Ортега (Барса), во екипата на Хановер во 2017. Потоа во 2021 ја презема екипата на Битенхајм и со нив се пласираше во најсилната Бундес лига. Тој ќе остане тренер на Битенхајм и следната сезона, паралелно ќе биде селектор на Австрија, а од 2026 фул-тајм ќе работи само во австрискиот национален тим.

Поврзани вести