Партизан спреми замена за Маџовски

Photo credit: Maja Nastic

Македонскиот интернационалец Бојан Маџовски е на излезна врата од белградски Партизан, пишува српскиот медиум „Моцарт Спорт“. Неговиот договор истекува на лето, а црно-белите веќе имаат подготвено замена.

Марко Николиќ српски интернационалец кој игра во словенечката екипа Крка би требало да се пресели во Белград. Тој ќе биде тандем со повремениот српски репрезентативец Младен Шотиќ.

Партизан годинава јуришаше на три фронта, но на два ја загуби битката. Во ЕХФ Европскиот Куп беше елиминиран од грчкиот АЕК, а во Купот на Србија беше поразен од најголемиот домашен ривал Војводина.
Но, двете загубени битки не значи дека и војната е загубена, напротив Партизан има историска шанса по 13 години да ја симне од тронот Војводина.