ЕХФ пехарот ќе се додели во Скопје!

Победничкиот пехар од ЕХФ Европскиот Куп ќе се додели во Скопје. Грчкиот тим АЕК ќе биде домаќин на првиот меч со Алкалоид, а реваншот ќе биде во Скопје! 

Денеска во Виена со ждрепка беше одредено која екипа ќе ја има можноста реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп да го игра на домашен терен.
Термините за одигрување на натпреварите се 17-18 мај за првиот меч, а реваншот ќе се игра на 24/25 мај, паралелно со Фајналфор турнирот во ЕХФ Европската лига што ќе одржува во Хамбург.

Поврзани вести