Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска го соопшти списокот на ракометари селектирани од шефот на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, за настап во последните две квалификациски кола за пласман на ЕП 2026.
Македонија на 7 мај ќе игра на гостински терен во Естонија, а на 11 мај на домашен терен ќе се сретне со Литванија на клучниот меч за пласман на Европското првенство.
Во моментов Македонија е во игра за второто место, но во случај Литванија да победи на домашен терен со Словенија, тогаш состојбата на табелата се менува и Македонија ќе игра за пласман на ЕП како третопласирана екипа во групата. Дуелот со Литванија во Скопје ќе биде клучен и во двата случаи.
На поширокиот список на ракометари се наоѓаат речиси сите расположливи сили, останува да видиме како ќе изгледа скратената верзија и кои играчи ќе добијат шанса за оваа акција.