Новата ѕвезда потпиша за Флензбург

Марко Гргиќ (21) е најголемата ѕвезда во подем во германскиот ракомет и имајќи предвид дека игра за неконкурентна екипа каква што во моментов е Ајзенах, големи клубови почнаа офанзива за неговиот потпис.

Победникот е Флензбург, Марко Гргиќ потпиша договор со тимот од северот на Германија кој ќе биде важечки од јуни 2026 до 2029.

Марко Гргиќ е најдобриот стрелец во Бундеслигата во моментов, со 218 погодоци десетина голови повеќе од Матијас Гидсел. Неговиот подем почна во 2023 кога од третата лига стигна до второлигашот Ајзенах. Влегоа во елитата, а Марко ја игра сезоната на кариерата.

Инаку, тој е син на релативно познат хрватски ракометар (Даниел Гргиќ), а и неговата мајка, која е Германка е поранешна ракометарка.

Поврзани вести