Е. ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 34-35 (16-17)
Манасков 10 (7), Кузмановски 9 (3) - Крсманчиќ 11 (10), Хориха 7
Вардар му го нанесе првиот плејоф пораз на актуелниот првак Е. Пелистер и тоа среде Битола на нивното прво одмерување на силите во разигрувањето.
Вардар победи 34-33 со гол што го постигна украинскиот бек Димитро Хориха во последниот напад на црвено-црните. Беше тоа висински проектил што од девет метри заврши во мрежата на Никола Митревски.
Претходно, Вардар водеше во текот на целиот натпревар, домашниот состав, ниту еднаш не беше во позитива, но успеа во неколку наврати да го израмни резултатот.
Почетокот на средбата, првите седум минути го дефинираа мечот. Нападот на Пелистер потрфли, Вардар поведе со 4-0, а во тој период свои моменти имаа и Митревски и Еспиња, двајцата голмани.
Битолчани првиот погодок го постигнаа во седмата минута, а потоа играта премина во серија гол за гол.
Куриозитет на овој натпревар беа седмерците. Дури 15 досудени за домашниот тим, гостинскиот изведе 12. Битолчани постигнаа 12 гола од седум метри, скопскиот тим 10.
Ваков број на пенали не паметиме во последните 25 години, но критериумот колку што е можно, беше ист на двете страни.
Резултатски домашниот тим успеваше да се врати во игра, иако гостите го контролираа резултатот. Прв пат домашните израмнија при резултат 11-11, но следеа три гола поред за Вардар и водство од 14-11. Предноста Вардар ја задржа до полувреме, иако по 30 минути беше само еден гол разлика.
Во второто полувреме, Вардар поведе 24-21 и имаше напад, но Митревски го одбрани шутот на Родригез по што битолчани преминаа во офанзива и намалија на 24-25.
Но, Вардар не дозволи пресврт, поведе 29-26, водеше 33-31, а Пелистер израмни на 34-34 во својот последен напад. Останаа уште 30-тина секунди за гостите, кои со голот на Хориха стигнаа до драгоцената победа.
Со овој пораз, Е. Пелистер ја загуби предноста на табелата во трката со Вардар и сега шампионската титула ќе се решава на меч во Јане Сандански.
Но, претходно и двата тима ќе треба да гостуваат во Автокоманда кај Алкалоид, па ако таму нешто не се смени, ќе решаваат на меѓусебен дуел во Скопје.
Поврзани вести