Барса во Сегед, Алборг во Берлин на патот до Келн

Фото: FC Barcelona

Спортинг Лисабон предводен од браќата Мартим и Кико Кошта е има историска шанса да се пласира на Ф4 во Келн. Португалскиот состав загуби минимално на гостувањето кај Нант на првиот натпревар и пред своја публика ќе игра за плус два и пат во Келн.
Веспрем, пак, со каква и да е победа над Магдебург на домашен терен би обезбедил пласман на Фајналфор турнирот. Унгарскиот состав на првиот меч, на гости кај германскиот првак одигра нерешено.
Вечерва се играат два натпревари и овој пат за „среќа“ ќе бидат пренесувани на Арена Спорт 5, па ќе можат да се гледаат и во Македонија.
Барса ќе гостува во Унгарија, кај Пик Сегед, а во терминот од 20:45 во Берлин ќе се сретнат Фуксе Берлин и данскиот Алборг.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45 ПИК Сегед – Барса (ТВ Арена Спорт 5)
20:45 Фуксе Берлин – Алборг (ТВ Арена Спорт 5)
Вчера:
Магдебург – Веспрем 26-26 (11-14)
Нант – Спортинг 28-27 (13-10)

Поврзани вести