Раде Стојановиќ (ќе) се раздели со Тримо Требње

Foto: RK Trimo Trebnje

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ по завршувањето на сезоната ќе се раздели со словенечкиот клуб Тримо Требње каде што сезонава вршеше одлична работа, а екипата ќе игра во плејоф за шампионска титула.
Раде Стојановиќ на социјалните мрежи објави дека како што завршува сезоната, завршува и неговото време како тренер на Тримо Требње. Македонскиот тренер, воедно и селектор на јуниорската репрезентација на Македонија, му се заблагодари на клубот за соработката и целото искуство што ќе го понесе со себе.
Секое патување има своја цел. Го затворам ова поглавје со чувство на исполнетост и длабока почит кон клубот, играчите и фановите.
До последниот свиреж, нашиот фокус останува – заедно, ќе дадеме максимум да го одведеме Тримо до шампионската титула