Последна пречка до Ф4 во ЕХФ Лига, каде да гледате?

Денеска почнуваат елиминациските натпревари од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига по што ќе ги дознаеме и учесниците на фајналфор турнирот што ќе се игра во Хамбург.
Три германски екипи конкурираат за пласман на Ф4, два француски тима се во игра, по една екипа има од Португалија, Шпанија и Данска во завршницата на ова натпреварување.
Според имињата, не заостанува многу ЕХФ Европската лига зад Лигата на шампионите. Во битка за билет за Хамбург се најзвучните германски екипи, Кил и Флензбург како и еден од двата најсилни конкуренти за годинешниот пехар – Мелзунген.
Монпеље и Лимож, ГОГ, Бидасоа и Порто стигнаа до елиминациите.
Денеска се играат првите четири меча, сите ќе бидат директно пренесувани.


ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
18:45 ГОГ – Флензбург – ТВ Арена Спорт 2
18:45 Мелзунген – Бидасоа – ТВ Арена Спорт 4
20:45 Лимож – Кил – ТВ Арена Спорт 2
20:45 Порто – Монпеље – ТВ Арена Спорт 4

Поврзани вести