Алборг во проблеми: Арнолдсен на „одмор“, Мартинс се повреди

Photo: aalborghaandbold

Данската ѕвезда Томас Арнолдсен (23), еден од клучните ракометари на Алборг нема одиграно натпревар од 8 март. Бекот на данската репрезентација не е повреден, туку зема одмор на неодредено време за физички и психички да се одмори и закрепне. Во Данска станува нормална појава, а „популарност“ доби откако Микел Хансен во еден момент реши дека му треба одмор од ракометот.

Ова може да биде проблем за Алборг пред кого се 1/4 финалните дуели од Лигата на шампионите со Фуксе Берлин, затоа што на последниот првенствен натпревар се повреди португалскиот ракометар Мигуел Мартинс. Тој го дислоцираше рамето и можно е да треба и со операција да го решава проблемот пред преселбата во Динамо Букурешт на лето.

Поврзани вести