Познато зошто „паѓаше“ данскиот судија

Данскиот судија Јеспер Мадсен, двапати се најде во центар на вниманието во ракометната јавност и пошироко, откако среде натпревар чувствуваше силни вртоглавици поради што не можеше да продолжи да суди, а еднаш мораше да биде изнесен и на носилки. Прв пат тоа се случи на 20 февруари во Веспрем. Потоа се врати на терен и одново, на натпревар што се играше на 8 март во Алборг, ситуацијата се повтори и тој мораше одново од терен директно во болница.

Направени се серија испитувања по што е констатирано дека проблемот на Јеспер Мадсен всушност и не е опасен. Конечната дијагноза е дека проблемот го предизвикуваат ушните каменчиња (otocomia). Тоа се мали кристали од калциум карбонат што се наоѓаат во внатрешното уво и играат клучна улога во одржувањето на рамнотежата со тоа што реагираат на гравитацијата и движењето. Кога овие кристали ќе се поместат, тогаш предизвикуваат проблеми со рамнотежата и вртоглавица.

Мадсен изјави дека направил и подетални испитувања и скенирања е дека е комплетно здрав и единствениот проблем биле ушните каменчиња.

Поврзани вести