Стеауа „намерно“ се самоуништува

Романската екипа Стеауа е клуб со 85 годишна традиција во која девет пати била национален првак во голем ракомет, а 28 кратен шампион на Романија откако спортот се игра во сала. Двапати биле прваци на Европа, еднаш го освоија Челинџ куп, имаат полуфиналиња во ЛШ, ЕХФ Куп, КПК.
Годинава Стеауа ќе оди во понизок ранг. Тие имаат пет бода заостанување зад првиот ривал на само три гола до крајот и за опстанок ќе им треба чудо.
Не е тоа којзнае колку страшно, нема да биде ни прв ни последен пат звучно име да ја напушти елитата, но приказната што ја објави Проспорт е пострашна од испаѓањето.
Имено, романскиот медиум вели дека слабите резултати на Стеауа се режија на струи внатре во спортското друштво. Крајната цел е ракометниот клуб да испадне од елитата и парите што сега се одвојуваат за „секцијата“ ракомет да бидат пренасочени кон други олимписки секции. Кланот што сака ракометот да „згасне“ е посилниот. Судбината на тренерот Георге Буричеа кој е добро платен е позната, ако испаднат – заминува. Ракометниот колектив не е единствен, пред неколку години истото му се случи на кошаркарскиот колектив, а следен е одбојкарскиот.

Поврзани вести