АЕК е со една нога во финалето на ЕХФ Куп

Photo: AEK

Грчкиот АЕК е со едната нога во финалето на ЕХФ Европскиот куп откако денеска со девет гола разлика ја совлада екипата на Извиѓач од БиХ на првиот меч од полуфиналниот двобој (37-28).
Екипата од БИХ која во ова натпреварување влезе како елиминирана од ЛШ, беше во проблеми уште во првиот дел што заврши со резултат 16:10.
Победникот од овој двомеч во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Алкалоид и Рунар Сандефјорд.
Првиот меч од тој двобој ќе се игра утре во Автокоманда.

Поврзани вести