-
19.04.2025
-
Вести, Актуелно
Photo: FC Barcelona
По две одложувања поради неочекуваните порази од Гранољерс и Ваљадолид, екипата на Барса со победа од 39-25 над Анаитасуна ја завери 15 шампионска титула по ред во Асобал лигата во Шпанија. Доминацијата на Барса трае од 2011 година, кога заврши четиригодишното владеење на Сиудад Реал, а оттогаш, нема вистинска конкуренција, со оглед на тоа дека згаснаа и поранешните прваци Сиудад Реал и Портланд Сан Антонио, а Адемар и Бидасоа не се веќе на тоа ниво.
Барса со оваа победа верификуваше директно место во Лигата на шампионите, а таму веќе се наоѓа и екипата на Динамо Букурешт која на четири кола до крајот има 12 бода предност пред второпласираната Турда. Романците следната сезона нема да бараат вајлд карта затоа што на ранг листата на ЕХФ во Лигата на шампионите стигнаа до деветтото место минувајќи ги во процесот Белорусија, Норвешка, Португалија и Хрватска. За следната сезона, Романија е на седмото место и добива сигурно место во ЛШ.