ГРК ОХРИД - РК АЛКАЛОИД 28-36 (14-16)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегати: Марјан Начевски и Драган Начевски
ГРК ОХРИД: Ристевски, Ѓоргески, Ојлески 2, Јукиќ 3, Костов, Тасески 3, Сафранко 4, Јотиќ 4, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ, Винисиус, Цирар 4
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски 1, Џонов 3, Маркоски 3, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис 3, Стојковиќ, Ѓоргиев 6, Велковски 1, Ивановски 2, Бинго 3, Франциско 4, Д. Петковски 3, Митев 2, Савревски
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.
Алкалоид уште еднаш победнички се враќа од Охрид каде што вечерва славеше со убедливи осум гола разлика (36-28), резултат кој веројатно многу ќе влијае врз амбициите и шансите на охриѓани оваа сезона да стигнат до третото место.
ГРК Охрид имаше две добри изданија против фаворитите Пелистер и Вардар, каде што не успеа да освои бодови, па надежите на охридските фанови беа насочени кон дуелот со Алкалоид. Но, скопскиот состав во „Билјанини извори“ се покажа во одлично издание, знаеше што сака и конечно стигна до резултатски висока победа.
Охрид за овој дерби дуел ги мобилизираше и Орјоникидѕе и Јотиќ кои беа на списокот на повредени, па единствено јапонскиот бек Мацуока не им беше на располагање. Лазаров, одамна не може да смета на неколку повредени играчи, меѓу кои Марко Митев и Никола Костески кои пред два дена беа оперирани.
Во првата половина на полувремето, Охрид го диктираше резултатот и ведеше со по еден гол разлика до 7-7, а потоа Алкалоид до крајот на полувремето беше во гол предност, а домашните израмнуваа. Сѐ до финишот, кога гостите поведоа со два разлика и на одмор заминаа со предност од 16-14.
На стартот на второто полувреме, Алкалоид ја удвои предноста, поведе со 18-14 и ги стави домашните во незгодна позиција да бркаат резултат. Им појде во еден момент тоа од рака, успеаја да израмнат на 18-18 со серија од 4-0 и одново мечот влезе во игра гол за гол. На десет минути до крајот, Алкалоид повторно имаше плус четири (28-24), а во 54 минута скопскиот тим имаше највисоки плус шест (31-25). Охриѓани немаа сили за подвиг и пресврт и Алкалоид ги однесе бодовите од дербито со убедлива победа од 38-26.
Поврзани вести