Денеска се игра сино-бело дерби во Охрид

Суперлигата се игра без застој, Плејоф и Плејаут буквално пролетуваат безмалку секојдневно, па така веќе денеска ќе имаме шанса да гледаме нови натпревари и тоа одново дерби мечеви.
По неделната средба со Е. Пелистер во Битола, Алкалоид денеска одново како гостин ќе се сретне со незгодниот состав на ГРК Охрид. Охридските сино-бели, исто како и скопските нема да бидат во најсилниот состав поради повреди, но во двата дерби меча на домашен терен со Вардар и со Е. Пелистер се покажаа како тврд орев и веројатно така ќе биде и вечерва кога ќе игра против ривалот за трето место во оваа фаза од суперлигата.
Алкалоид буквално не може да склопи три дена без натпревар, па така по неделното со Пелистер и денешното со Охрид, во недела ќе го игра новиот најважен меч во својата европска историја, полуфиналето со Рунар Сандефјорд во Скопје. 
Паралелно се играат и натпреварите во Плејаут фазата, а и тука ќе гледаме дерби меч во кој силите ќе ги одмеруваат екипите на Пролет 62 и Куманово. 
Во моментов Пролет е на второто место со шест бода, Куманово е на третото место со пет бода. Лидер со седум освоени бодови досега е екипата на Прилеп. 

Денешните натпревари ќе можете да ги следите на следните линкови: 
 

СУПЕРЛИГА – ПЛЕЈОФ/ПЛЕЈАУТ – КОЛО 4

16.04.2025 – СРЕДА

18:00 часот ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД

18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – МРК КУМАНОВО

Поврзани вести