Младински трофеј: Веспрем и Сегед играат за пат во Келн

Кадетските екипи на Веспрем и на Сегед ќе се сретнат во финалето на групата „1“ од ЕХФ Младински клупски трофеј, новото натпреварување за млади категории на клупски план што го организира Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Во групата што се игра во Веспрем, домашниот тим во полуфиналето ја совлада екипата на Војводина во голеадата што заврши со резултат 48-37, додека во второто полуфинале, ПИК Сегед беше подобар од тимот на Загреб (26-20).

Пик Сегед и Веспрем своето големо ривалство сега ќе го префрлат и во кадетската конкуренција. Победникот ќе игра на Ф4 турнирот во Келн каде што ќе се одат сите победници од групите и ќе бидат предигра на екипите што ќе играат на Ф4 во Лигата на шампионите.

Во новото ЕХФ натпреварување годинава учествува и екипата на Еурофарм Пелистер. Битолските кадети утре во Букурешт во полуфиналето ќе се сретнат со тимот на Келце. Второто полуфинале е меѓу организаторот на турнирот Динамо Букурешт и подмладокот на полскиот тим Висла Плоцк.



Група 1:
Полуфинале:
Веспрем – Војводина 48-37
Загреб – ПИК Сегед 20-26
Финале:
Веспрем – ПИК Сегед

Група 2:
Полуфинале (16.04):
Барса (домаќин) – Нант
ПСЖ - Спортинг

Група 3:
Полуфинале (17.04):
Берлин (домаќин) – Севехоф
ГОГ - Магдебург

Група 4:
Полуфинале (17.04):
Динамо Букурешт (домаќин) – Висла Плоцк
Келце – Е. Пелистер