Војводина го добива Срдановиќ од Вардар

фото: ГРК Охрид

Информацијата за која пишувавме уште минатиот месец, дека левото крило на Вардар, Марко Срдановиќ следната сезона би можел да замине од македонскиот тим и да се врати во Србија, конкретно во екипата на Војводина, денеска доби на тежина, затоа што и српскиот „Моцарт Спорт“ базирајќи се на свои извори вели дека сѐ е договорено и дека Срдановиќ на лето се сели од Скопје во Нови Сад.

Марко Срдановиќ во Скопје дојде во 2023 и остави сосема коректен впечаток. Тој има уште една година година договор со Вардар, но двете страни очигледно нашле заеднички јазик.

Но, информацијата не е потврдена од клупска страна, ниту пак од играчот, па за официјална промоција доколку дојде до неа, ќе почекаме уште некое време.

Поврзани вести