Photo: РК Eurofarm Pelister
Европската ракометна федерација поставува на сцената ново клупско натпреварување, прво воопшто во помлади категории.
Новото натпреварување се вика ЕХФ младински клупски трофеј (EHF Youth Club Trophy) и во првата сезона ќе настапуваат подмладоците на екипите што во моментов играат во Лигата на шампионите.
Оттука претставник на Македонија стана кадетската екипа на РК Еурофарм Пелистер.
СОСТАВ Е. ПЕЛИСТЕР
Голмани: Андреј Трсунов,, Јован Мацановски, Мелин Фехми
Лево крило: Стефан Лазаревски, Стефан Трајчевски, Леонид Лозановски
Лев бек: Тео Спировски Тео, Владимир Марковски, Алдин Фехми
Среден бек: Алем Хаџиќ, Стефан Ѓорѓиевски, Јован Марковски, Архангел Трсунов
Десен бек: Карло Буторац, Лука Ѓоргиевски
Десно крило: Андреј Дамчевски, Андреј Георгиев,
Кружен напаѓач: Иван Велески, Јован Симоновски
Тренери: Фарук Мемиќ, Кире Митревски
Резерви: - Павел Велјановски - лево крило, Горазд Мијалчев - среден бек, Петар Неданоски - среден бек, Горазд Атанасовски - лев бек, Антонио Бошковски - кружен напаѓач
Треба да се води сметка и на моментот дека иако се вика „младински“ , според возраста, всушност станува збор за турнир во кадетска конкуренција односно М18. (Тоа што во ЕХФ се нарекува младинска и јуниорска, во Македонија имињата се за кадетска и младинска). Право за настап имаат ракометари родени 1 јули 2006 и помлади.
Три екипи од ЛШ, (Колстад, Алборг и Фредериција) не прифатија односно не пријавија екипи за да играат во ова натпреварување и нивните места ги заземаа екипите на ГОГ, Војводина и шведскиот Севехоф.
Системот на натпреварување предвидува четири групи со по четири екипи што ќе играат на турнири ширум Европа. Овие турнири ќе се играат по „Ф4“ систем, односно полуфинале, меч за трето место и финале. Четирите победници, пак, ќе имаат чест да играат на „Ф4“ турнирот во Келн, како предигра за „Ф4“ на Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонскиот претставник, екипата на Е. Пелистер своите натпревари ќе ги игра во Романија, во Букурешт. Младите битолски ракометари во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Келце, а потоа со победникот или поразениот од дуелот меѓу организаторот на групата Динамо Букурешт и екипата на Висла Плоцк.
Група 1:
Полуфинале, денеска:
Веспрем (домаќин) – Војводина
Загреб – ПИК Сегед
Група 2:
Полуфинале (16.04):
Барса (домаќин) – Нант
ПСЖ - Спортинг
Група 3:
Полуфинале (17.04):
Берлин (домаќин) – Севехоф
ГОГ - Магдебург
Група 4:
Полуфинале (17.04):
Динамо Букурешт (домаќин) – Висла Плоцк
Келце – Е. Пелистер
КАДЕ ДА ГЛЕДАТЕ:
Европската ракометна федерација на својата платформа ehftv.com ќе врши пренос од сите натпревари. Оваа платформа од оваа сезона не е бесплатна и потребна е претплата за да може да се следат преносите.
ТВ пренос ќе има во пет држави, ако имате опција да гледате повеќе канали, тогаш следнава информација може ви биде корисна и да ви заштеди време за барање на ТВ преносот.
ТВ КАНАЛИ ШТО ЌЕ ПРЕНЕСУВААТ:
Чешка, Унгарија и Словачка: AMC (Sport 1 and Sport 2), Германија: Dyn, Романија: TVR, Шпанија: Barça One и TV3 Catalunya