Полска го одбра Хота за селектор

Полската ракометна федерација го официјализираше ангажманот на шпанскиот тренер Хота Гонзалез за селектор на нивната машка сениорска репрезентација.
Полска се обиде во еден период со домашни тренери да ја покрие селекторската позиција и тоа наиде на одобрување во јавноста, но откако спласна еуфоријата, а не беа испорачни саканите резултати, односно се решава на клупата да има странец.

Хота Гонзалез, верниот советник на Раул Гонзалез беше ангажиран и од РФМ во 2018 година кога Раул беше селектор на Македонија. Потоа му беше асистент на Раул и во ПСЖ, а лани почна да работи и сам и тоа на клупата на Бенфика. Сега ќе имаме можност да го гледаме и како селектор.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk