Нов договор за Филип Лазаров

Македонскиот тренер Филип Лазаров го продолжи договорот со екипата на Интерактив Ратинген и ќе остане во истиот клуб осма година по ред. 
Лазаров ја имаше најдобрата сезона откако е на клупата на Интерактив и супериорно стигна до пласман во повискиот ранг, а тоа е Третата Бундеслига. Тоа еднаш му појде од рака во 2023, но следната сезона веднаш испаднаа. 
Сега го имаат тоа значајно искуство плус, а на промоцијата на новиот договор, од клубот апострофираа дека целата е следната сезона да се обезбеди опстанок. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk