Куп на Македонија: Алкалоид против Мулти Есенс, Бутел против Пелистер...

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите во Купот на Македонија. Четири групи со по четири екипи, вкупно 16 екипи се во конкуренција. Се игра по Ф4 систем (полуфинале/финале), а победниците ќе се пласираат на завршниот Фајналфор турнир.
Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, Фајналфор турнирот ќе се игра од 15 до 18 мај.
Прв пат официјален натпревар меѓусебе ќе играат екипите на Алкалоид кој е бранител на пехарот и Мулти Есенс. Бутел Скопје во полуфиналето од групата се среќава со првакот Е. Пелистер

Куп на Македонија:
Група 1
Алкалоид– Мулти Есенс
Партизан – T. Пролет

Група 2
Е. Пелистер– Куманово
Радовиш– Струга

Група 3
Вардар 1961 – Бутел Скопје
Борец ФЛ – Е. Пелистер 2

Група 4
Прилеп – Охрид
Тиквеш– Аеродром



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk