Спортинг го доби назад Кико Кошта

Photo: IHF/Kolektiff

Екипата на Спортинг значително ги подобри своите шанси за пласман на Ф4 во Келн, а стигна и на чекор до одбрана на шампионската титула во Португалија.

По пауза од еден месец на терен се врати Франциско Кошта. Најдобриот млад играч, со четири гола го одбележа камбекот на терен, а Спортинг изведе серија од 5-0 со која направи пресврт од 26-28 и победи на гостувањето кај најголемиот ривал – Порто (35-32).
Враќањето на помладиот Кошта е во вистински момент, пред нокаут натпреварите со Нант што се на програмата за десетина дена.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk