Затворена е струшката сала „Нико Нестор“

Photo: GRK Ohrid

Струшката сала „Нико Нестор“ е затворна од Државниот инспекторат за труд. Акција што е преземена откако по години негрижа објектот е доведен во толку лоша состојба што претставува сериозна опасност за тие што го користат и среќна околност е што досега не се случила некоја поголема несреќа.

Салата функционира(ше), но со години не е изведено посериозно реновирање, а тука како проблем се јавува и сопственоста, па прво треба да се реши нејзиниот статус.

Проблеми во инфраструктурата има повеќе, најголемиот е прокиснувањето на кровот кое може да предизвика и поголема хаварија доколку водата дојде во контакт со електричната инсталација, која исто така е прашање во каква состојба е.
Струшките клубови, спортисти и ученици кои го користеа овој објект ќе мораат да најдат алтернативни решенија за своите дејности. Во моментов е битно дека проблемот со салата е актуелизиран и побитно дека веќе не се изложени на ризик нешто да (им) се случи додека ги исполнуваат своите активности.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk