Проширување на ЛШ на дневен ред

Денска и утре во Виена ќе се одржи ЕХФ Конференција на машки клубови во кои клучна точка ќе бидат системите за натпреварување во ЕХФ Европските Купови, вклучително со Лигата на шампионите.

Постои иницијатива за промена на системот на натпреварување, иницирана е од ЕХФ и треба да добие зелено светло за имплементација, најверојатно од сезоната 2026/27. Лигата на шампионите треба да се прошири. Главниот предлог содржи проширување од 16 на 24 екипи по што би се играло во шест групи со по четири тима.
Ваков систем имаше во минатото, но како се менуваа состојбите, така се појави потреба и за неговото менување. Сега тркалото сврте цел круг и одново се враќаме на идејата за 24 екипи. Можно е и да биде поинаку моделиран системот, сѐ зависи од тоа како ќе се изјаснат клубовите, иако во принцип тоа што ЕХФ го предлага, главно се усвојува.
Такво проширување можеби ќе донесе и до промена на системите во ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп. Тоа ќе треба да почекаме ЕХФ да го сумира и да го објави.
Ваков состанок, но за женските клубови ќе биде организиран следниот месец.

Поврзани вести