Четворица скокнaа од Металопластика во Европа

Тоа што за македонските ракометари дури и тие најдобрите е необјаснива бариера, а тоа е добар трансфер во странство, за српските ракометари е исцртана патека по која лесно транзитираат дури и релативно непознати имиња и на прв поглед без проблем обезбедуваат нов клуб со звучно име во добра ракометна лига.

Екипата на Металопластика која се бори за третото место во Србија, како пример е добра отскочна и летово одново ќе испрати ракометари во странство.
Откако минатото лето заминаа Милан Јовановиќ (Војводина) и Војислав Брајовиќ (Чурго), летово од клубот сигурно заминуваат Матеја Додиќ (Загреб), Урош Павловиќ (Кретеј), хрватскиот играч Домагој Алиловиќ (Чурго) и грузискиот бек кој играше и во Прилеп, Мариан Гавашелишвили најверојано оди за Полска.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk