Мортен Олсен објави крај на кариерата

Еден од подобрите дански играчи, воедно и еден од ракометарите кои беа исклучително корисни, но потценети и во сенка на други поголеми ѕвезди, Мортен Олсен (40), објави на социјалните медиуми дека дојде времето за дефинитивно да ја заврши кариерата.
Олсен е трикратен олимписки и двократен светски првак со Данска, а на клупски план најдолго, вкупно осум години во два наврати се задржа во бундеслигашкиот клуб Хановер.
Во 2023 како играч на ГОГ прогласи пензија стана асистент тренер во Рингстед, но доби нова понуда од ГОГ и за кратко ја продолжи кариерата. Не се најдоа на иста бранова должина со тренерот, па премина во Бјерингбро-Силкеборг од каде што ја соопшти актуелната вест за крајот на кариерата.

Поврзани вести