Прилепчани го задржаа Кастратовиќ

Екипата на Прилеп, клуб што има најголеми шанси во моментов да опстане во Суперлигата денеска објави дека го продолжиле договорот со централниот бек Владо Кастратовиќ.
Според новиот договор тој ќе остане во редовите на прилепскиот тим уште две сезони, до 2027 година. 
Прилеп во моментов е лидер на Плејаут шампионатот и имајќи предвид дека уште во првото коло победи во дербито со најголемиот ривал, екипата на Тинекс Пролет од Скопје, во моментов се најбезбедната екипа по прашање на опстанок во најсилната конкуренција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk