Веспрем промовираше засилување од Барса

Унгарскиот првак Веспрем денеска ја официјализираше информацијата која извесен период беше актуелна, а е поврзана со уште еден трансфер на релација Барса – Веспрем.

По голманот Емил Нилсен кој од 2026 ќе се пресели во Унгарија, Веспрем денеска го официјализираше трансферот на бразилскиот дефанзивец Тиагуш Петруш. Овој 36 годишен ракометар во Барса игра од 2018 и освои три шампионски пехари во Келн за тоа време. Има искуство од играње во Унгарија, пред да оди за Барса играше за најголемиот ривал на Веспрем – екипата на Пик Сегед.

Договорот на Петруш со Веспрем е на една плус една година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk