Барса загуби дома по шест години

Photo: BM Ganollers

Заврши шестгодишната серија на непобедливост на Барса во Асобал лигата. Како и пред шест години, Барса беше поразена и тоа на домашен терен од „сестринската“ екипа БМ Гранољерс, клуб град што во периферијата на Барселона. Од оваа шестгодишна серија, го изземаме службениот пораз од Торелавега пред една сезона.
Гостите славеа со резултат 31-30, а ликовите што го украдоа целото внимание не беа меѓу актерите на теренот, туку на трибините.
Принцезата Инфанта Кристина, ќерка на кралот Хуан Карло и кралицата Софија беше на трибините во на овој меч во „Блау грана“. Нејзиниот син, Пабло Урдангарин вчера покажа дека оди по стапките на својот татко, прославениот ракометен ас Ињаки Урадангарин. Тој постигна шест гола, имаше пет асистенции, а изнуди и директен црвен картон од Тјагуш Петруш за груб фаул.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk