Николас Љапис претставен во ГРК Охрид

Николас Љапис е четвртото потврдено засилување на новиот ГРК Охрид, клуб кој сериозно вложува во играчкиот кадар и уште отсега се наметнува како еден од фаворитите за шампионската титула во следното првенство.
„Среќен сум што ќе се приклучам на тимот и возбуден затоа што тоа е тим со високи амбиции. Ќе работам посветено на исполнувањето на нашите цели и едвај чекам да се видиме на терен“, има се обрати Љапис на охридските фанови.
Грчкиот пивот е меѓу најдобрите стрелци на вицепрвакот Олимпијакос, а во Охрид ќе дојде во „пакет“ со Предраг Вејин од црвено-белиот тим.
Анте Иванковиќ и Тилен Стрмљан го комплетираат квартетот нови играчи, а ново лице ќе има и на клупата на охриѓани каде што Борис Ројевиќ ќе го замени Стевче Алушовски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk